ТРУДНИЦА ОД АЛАБАМА КОЈА БИЛА ЗАСТРЕЛАНА ВО СТОМАК ОБВИНЕТА ЗА УБИСТВО НА НЕРОДЕНОТО БЕБЕ СПОРЕД НОВИОТ ЗАКОН ПРОТИВ АБОРТУС

    ТРУДНИЦА ОД АЛАБАМА КОЈА БИЛА ЗАСТРЕЛАНА ВО СТОМАК ОБВИНЕТА ЗА УБИСТВО НА НЕРОДЕНОТО БЕБЕ СПОРЕД НОВИОТ ЗАКОН ПРОТИВ АБОРТУСМаршеј Џонс е обвинета за убиство дека ја почнала тепачката и со тоа го загрозила своето неродено бебе, а жената која пукала во неа е ослободена.Ова уследи откако гувернерот на Алабама Кеј Ајви во мај потпиша закон кој забранува абортус во речиси сите околности, вклучувајќи силување и инцест. (Фото: АП)

    Трудница од Алабама која била застрелана во стомак, при што куршумите ѝ го усмртиле фетусот, е обвинета за убиство. Маршеј Џонс била во петтиот месец од бременоста кога била застрелана од друга жена пред продавница во Плезнт Гроув во декември. Дваесет и седумгодишната Џонс сега е обвинета за убиство според новиот строг закон против абортус и ќе биде задржана во притвор со кауција од 50.000 долари, додека жената која пукала во неа е ослободена.

    „Истрагата покажа дека единствената вистинска жртва во овој случај е нероденото бебе. Токму мајката на бебето ја почнала и продолжила тепачката, што резултирала со смрт на нејзиното неродено бебе“, изјави Дени Рид од полициската станица во Плезнт Гроув.

    Ова уследи откако гувернерот на Алабама Кеј Ајви во мај потпиша закон кој забранува абортус во речиси сите околности, вклучувајќи силување и инцест. Алабама е една од 38-те сојузни држави која признава убиство на фетус.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира