ТРУДО ПОБЕДИ НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ ВО КАНАДА, НО ПОВТОРНО НЕ УСПЕА ДА ОСВОИ МНОЗИНСТВО

    ТРУДО ПОБЕДИ НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ ВО КАНАДА, НО ПОВТОРНО НЕ УСПЕА ДА ОСВОИ МНОЗИНСТВОТрудо се коцкаше со предвремени избори, но ги оствари речиси истите резултати од пред две години (Фото: АП)

    Канадскиот премиер Џастин Трудо не успеа да освои мнозинство на предвремените парламентарни избори во Канада, но сепак ќе остане на власт, додека неговиот главен ривал прогласи пораз.

    Трудо, кој е на власт од 2015, одлучи да се коцка со предвремени избори и да го искористи успешното справување на владата со пандемијата, што вклучува масовно трошење за да се поддржат поединци и бизниси и голема стапка на вакцинирање. Место тоа, тој ги оствари речиси истите резултати од пред две години по неочекувано тесните избори, што, според аналитичарите, се должи на нејасната кампања и гневот на јавноста што изборите се распишуваат среде пандемија.

    Лидерот на Конзервативците, Ерин О‘Тул, чија партија заврши на второто место, го призна поразот додека се објавуваа резултатите од гласањето. Трудо набргу потоа им се обрати на своите приврзаници и вети дека ќе работи со други партии за доброто на Канаѓаните.

    „Вие нè враќате назад на работа со јасен мандат да поминеме низ пандемијата кон посветлите денови пред нас. Она што го видовме е дека милиони Канаѓани избраа прогресивен план“, изјави Трудо.

    Либералната влада на Трудо ќе задржи малцинство во Долниот дом на парламентот, што значи дека ќе ѝ треба поддршка од уште една партија. Либералите освоија или водат за 156 места, едно помалку од 2019, додека за мнозинство се потребни 170.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира