ЦЕЛ СИДНЕЈ СТАВЕН ВО ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН ПОРАДИ ИНДИСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ

    ЦЕЛ СИДНЕЈ СТАВЕН ВО ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН ПОРАДИ ИНДИСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТВластите очекуваат во наредните денови да има зголемен број на заразени (Фото: Гети)

    Цел Сиднеј ќе биде во строг карантин во наредните две недели поради порастот на бројот на нови случаи на коронавирус.

    Во прв момент, строгите рестрикции беа воведени за повеќе од еден милион луѓе од централните и источните делови на Сиднеј, но тие денеска се проширени на целиот град и на некои околни области.

    Ова следува откако во изминатите денови се регистрирани 80 случаи на високо преносливата индиска варијанта на коронавирусот и се верува дека заразата се проширила пред една недела од прославената плажа Бонди.

    „Наредбата да се седи дома ќе биде на сила до 9 јули. Кога имате така заразна варијанта како делта, тридневен карантин не делува. Ова мора да се реши на вистински начин. Мора да се подготвиме за зголемен број заразени во наредните денови“, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан.

    Ова е прв карантин и прво значајно ширење на коронавирусот во Сиднеј од декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира