ЦЕЛА ЕВРОПА Е ЦЕЛ НА РУСКАТА АГРЕСИЈА, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИ

    ЦЕЛА ЕВРОПА Е ЦЕЛ НА РУСКАТА АГРЕСИЈА, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИУпотребата на сила од Русија е катастрофа што неизбежно ќе ги погоди сите, рече Зеленски. (Фото: АП)

    Руската агресија никогаш не била ограничена само на Украина и цел е цела Европа, рече доцна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој го повика Западот да воведе целосно ембарго на руските енергетски производи и да ѝ обезбеди на Украина дополнително оружје.

    Тој рече дека употребата на сила од Русија е „катастрофа што неизбежно ќе ги погоди сите“.

    „Затоа не е само морална должност на сите демократии, на сите сили на Европа, да ја поддржат желбата на Украина за мир“, рече тој. „Ова е, всушност, стратегија за одбрана на секоја цивилизирана држава“, Рече Зеленски.

    Тој рече дека Украина е подготвена за тешка битка, зашто руските сили се натрупуваат на истокот на земјата. Но, тој додаде: „Ова ќе биде тешка битка, ние веруваме во оваа борба и нашата победа. Ние сме подготвени истовремено да се бориме и да бараме дипломатски начини да ставиме крај на оваа војна“.

    Украинскиот преговарач Михаило Подољак рече дека претседателот Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин нема да се сретнат се додека Русија не биде поразена на исток.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира