ЦЕЛА ЗГРАДА ГОРИ ВО ЛОНДОН, СТАНАРИ ЗАРОБЕНИ НА ПОГОРНИТЕ КАТОВИ

    ЦЕЛА ЗГРАДА ГОРИ ВО ЛОНДОН, СТАНАРИ ЗАРОБЕНИ НА ПОГОРНИТЕ КАТОВИВо зградата од 24 ката има 120 станови (Фото: АФП)

    Триесет луѓе се во болница и се стравува дека има уште многумина повредени во пожарот во станбена зграда во западен Лондон. Пожарот избувнал околу 1 часот по полноќ и уште не е изгаснат.

    Фото: (АФП)

    Целата зграда во којашто живеат илјадници луѓе е во пламен. Очевидци велат дека мнгумина се заробени на погорните катови. Тие велат дека виделе светла, најверојатно од мобилни телефони или факели од станари кои очекуваат помош.

    Медиумите јавуваат дека постои опасност зградата што има 24 ката да се урне.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира