ЦЕЛ ЛИБАН ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА СРЕДЕ ГОЛЕМАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА

    ЦЕЛ ЛИБАН ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА СРЕДЕ ГОЛЕМАТА ЕКОНОМСКА КРИЗАВластите кажаа дека земјата ќе остане во темница неколку дена (Фото: Гети)

    Цел Либан денеска остана без електрична енергија додека земјата се наоѓа среде сериозна економска криза. Извори од владата кажаа дека двете најголеми електрични централи престанале да работат поради недостиг на гориво.

    „Електричната мрежа целосно престана да работи на пладне и веројатно нема да профункционира неколку дена“, кажаа од владата.

    Во изминатите 18 месеци Либан поминуваше низ постојана економска криза и екстремен недостиг на гориво. Тоа го осиромаши народот, ја девалвираше валутата и предизвика масовни демонстрации против власта. Поради недостиг на девизни резерви, земјата тешко може да увезува електрична енергија.

    Државната енергетска компанија потврди дека се затворени двете електрични централи, кои обезбедуваа 40% од националните потреби за струја, што довело до целосен прекин во електроснабдувањето.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира