ЦЕНАТА НА НАФТАТА ЗАБЕЛЕЖА НАЈГОЛЕМ ПАД ОД ЗАЛИВСКАТА ВОЈНА ВО 1991

    ЦЕНАТА НА НАФТАТА ЗАБЕЛЕЖА НАЈГОЛЕМ ПАД ОД ЗАЛИВСКАТА ВОЈНА ВО 1991Берзите во Европа, Азија и САД утрово отворија со голем пад на своите индекси (Фото: АП)

    Берзите во Европа, Азија и САД се подготвуваат за најголемиот пад од финансиската криза во 2008 година поради војната со цените на нафта и можна глобална рецесија предизвикана од ширењето на коронавирусот.

    Саудиска Арабија денеска го изненади пазарот намалувајќи ја својата продажна цена на сировата нафта од осум на шест долари, влегувајќи во војна на цени со Русија. Поради тоа, цената на еден барел падна на лондонскиот пазар за 25%, односно на 33,9 долари, а во САД се намали за 27%, на 33,16 долари.

    Рано наутро, падот на цените изнесувал и 30% (31,14 долари за барел), што не е забележано уште од јануари 1991 година, кога почна Заливската војна. Како последица на ова, најмногу паднала вредноста на акциите во енергетскиот и во рударскиот сектор.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира