ЦРНА ГОРА ГО ИЗБРКА АМБАСАДОРОТ НА СРБИЈА, БЕЛГРАД ОДГОВОРИ СО ИСТА МЕРКА

    ЦРНА ГОРА ГО ИЗБРКА АМБАСАДОРОТ НА СРБИЈА, БЕЛГРАД ОДГОВОРИ СО ИСТА МЕРКАСрпското Министерство за надворешни работи побара од црногорскиот амбасадор Милошевиќ да ја напушти земјата (Фото: Н1)

    Министерството за надворешни работи на Србија го прогласи црногорскиот амбасадор во Белград, Тарзан Милошевиќ, за персона нон грата, реагирајќи со реципроцитет на претходната идентична одлука на црногорските власти. Владата на Црна Гора денеска побара од српскиот амбасадор Владимир Божовиќ да ја напушти земјата.

    „По повод прогласувањето на амбасадорот на Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, за персона нон грата, Министерството за надворешни работи на Србија постапи на реципроцитетен начин, па исто така го прогласи амбасадорот Тарзан Милошевиќ за непожелна личност“, соопштија од српското МНР.

    Црногорската влада кажа дека го избркала Божовиќ зашто подолго време во контиунитет се мешал во внатрешните работи на Црна Гора.

    „Божовиќ ја омаловажи земјата која му даде дипломатско гостопримство, кога вчера нелегалното и нелегитимно Подгоричко собрание од 1918 година го нарече ослободување и слободна волја на црногорскиот народ“, соопшти Подгорица, што се однесува на спорната одлука за обединување на Србија и Црна Гора под династијата Караѓорѓевиќ.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира