ЦРНА ГОРА ЈАВНО ЌЕ ГИ ОБЈАВУВА ИМИЊАТА НА ЛУЃЕТО КОИ СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА

    ЦРНА ГОРА ЈАВНО ЌЕ ГИ ОБЈАВУВА ИМИЊАТА НА ЛУЃЕТО КОИ СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈАЦрна Гора уште на 13 март воведе низа рестриктивни мерки (Фото: Ројтерс)

    Црна Гора јавно ќе ги објавува имињата на лицата кои се во самоизолација, објави Владата.

    „Националното координативно тело за заразни болести ќе почне да го објавува идентитетот на луѓето кои се во самоизолација. Секој граѓанин нека знае кои нивни соседи и сограѓани со својата недисциплина ги доведуваат во опасност“, објави Владата на Црна Гора на Твитер.

    На оваа мерка реагираа невладини организации, тврдејќи дека со тоа се прекршува уставот и се ограничува правото на приватност.

    Црна Гора беше последната европска земја во која се појави коронавирусот и досега има 16 заразени. Институтот за јавно здравје објави и дека над 5.000 луѓе се под здравствен надзор.

    Властите уште на 13 март воведоа низа рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на заразата, па забранија јавни собири и влез на странци во земјата, ги затворија образовните институции и го запреа јавниот превоз.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари