Црна Гора повторно прогласи епидемија на коронавирусот, откако во изминатиот период драстично се зголеми бројот на заразени.
Таа беше прва земја во Европа без активен случај на коронавирус, по што Владата на 2 јуни прогласи крај на епидемијата и ги отвори границите за странските туристи. Сепак, откако во средина на јуни беше регистриран прв нов случај на зараза, бројката секојдневно се зголемуваше и сега ги има 1.920. Ковид-19 досега однесе 28 животи во Црна Гора, од кои два во изминатите 24 часа.
Во првиот бран, во Црна Гора имаше само 324 заразени и девет мртви.
Владата донесе одлука за враќање на дел од рестриктивните мерки, па носењето маска ќе биде задолжително и во затворено и на отворено, а јавните собири се ограничуваат на 40 луѓе. Ноќните клубови не смеат да работат и забрането е организирање свадби и други приватни забави.