ЦРНА ГОРА ПАК ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА КОРОНАВИРУСОТ, БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ШЕСТ ПАТИ ПОГОЛЕМ ОТКОЛКУ ВО ПРВИОТ БРАН

    ЦРНА ГОРА ПАК ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА КОРОНАВИРУСОТ, БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ШЕСТ ПАТИ ПОГОЛЕМ ОТКОЛКУ ВО ПРВИОТ БРАНЦрна Гора на 2 јуни се отвори за странските туристи, но сега враќа дел од рестриктивните мерки (Фото: Анадолија)

    Црна Гора повторно прогласи епидемија на коронавирусот, откако во изминатиот период драстично се зголеми бројот на заразени.

    Таа беше прва земја во Европа без активен случај на коронавирус, по што Владата на 2 јуни прогласи крај на епидемијата и ги отвори границите за странските туристи. Сепак, откако во средина на јуни беше регистриран прв нов случај на зараза, бројката секојдневно се зголемуваше и сега ги има 1.920. Ковид-19 досега однесе 28 животи во Црна Гора, од кои два во изминатите 24 часа.

    Во првиот бран, во Црна Гора имаше само 324 заразени и девет мртви.

    Владата донесе одлука за враќање на дел од рестриктивните мерки, па носењето маска ќе биде задолжително и во затворено и на отворено, а јавните собири се ограничуваат на 40 луѓе. Ноќните клубови не смеат да работат и забрането е организирање свадби и други приватни забави.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари