ЦРНА ГОРА ПРИЈАВИ ПРВ НОВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ОД 5 МАЈ

    ЦРНА ГОРА ПРИЈАВИ ПРВ НОВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ОД 5 МАЈЦрна Гора на 25 мај се прогласи за земја без коронавирус (Фото: Ројтерс)

    Три недели откако се прогласи за прва европска земја без коронавирус, Црна Гора го пријави првиот нов случај на зараза, додавајќи дека станува збор за лице кое дошло од соседната БиХ.

    Тоа е прв нов случај на коронавирус во Црна Гора од 5 мај. Институтот за јавно здравје извести дека заразениот пациент е ставен во самоизолација во Подгорица.

    „Епидемиолошка истрага е во тек и првичните информации кажуваат дека заразениот имал ограничен број контакти во Црна Гора“, соопшти Институтот.

    Црна Гора беше последната европска земја во која се појави коронавирус и досега има 325 заразени и девет смртни случаи. Премиерот Душко Марковиќ на 25 мај објави дека во земјата веќе нема активни случаи на коронавирус, по што беа отворени границите за странците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира