Суд во Истанбул осуди маж на две и пол години затвор зашто намерно убил мачка. Тој истовремено доби забрана за патување, зашто судијата не му нареди веднаш да оди во затвор.
На судењето беа пуштени снимки од надзорни камери, на кои се гледа како обвинетиот Ибрахим К. неколку минути го брка и удира уличниот мачор Ерос во предворјето на зградата во која што живеел, по што останува да лежи неподвижно. Инцидентот што се случи на 1 јануари предизвика гнев низ целата земја.
Неколкумина активисти и политичари дојдоа на изрекувањето на пресудата, додека други присутни во судницата извикуваа „убиец“ по обвинетиот, кој се бранеше дека страдал од психолошки проблеми.
„Ова е највисоката казна изречена врз основа на Законот за заштита на животни“, кажа турскиот министер за правда Јилмаз Тунч.
Ибрахим К. пред еден месец беше осуден на 18 месеци затвор, но потоа беше ослободен поради добро однесување. Тоа покрена протести и петиции, поради што судењето беше повторено, на кое тој доби повисока казна.