ТУРСКА АДВОКАТКА ОБВИНЕТА ЗА ТЕРОРИЗАМ ПОЧИНА ПО 238 ДЕНОВИ ШТРАЈК СО ГЛАД

    ТУРСКА АДВОКАТКА ОБВИНЕТА ЗА ТЕРОРИЗАМ ПОЧИНА ПО 238 ДЕНОВИ ШТРАЈК СО ГЛАДТимтик во 2018 беше осудена на 13,5 години затвор (Фото: АФП)

    Турска адвокатка која бараше фер судење откако беше обвинета за членство во терористичка организација почина во болница во Истанбул на 238. ден од штрајкот со глад.

    Пријателите на Ебру Тимтик (42) велат дека таа тежела само 30 килограми кога починала и нејзината смрт предизвика жестока осуда од опозициските партии и од странство. Полицијата растерала стотина пријатели и поддржувачи на Тимтик кои сакале да дојдат до нејзиното тело во болницата. Европската Унија соопшти дека смртта на Тимтик ги нагласува недостатоците на турскиот правосуден систем.

    Тимтик беше членка на Здружението на современи адвокати, левичарска група обвинета дека е поврзана со забранетата крајнолевичарска марксистичка организација ДХКП-Ц, која презеде одговорност за неколку смртоносни напади во Турција, вклучувајќи го самубиствениот бомбашки напад на американската амбасада во Анкара во 2013.

    Тимтик беше приведена во 2018 и потоа осудена на 13,5 години затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира