ТУРСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ НАД 100 ЛИЦА ПОРАДИ КРИТИКУВАЊЕ НА ВОЕНАТА АКЦИЈА ВО СИРИЈА

    ТУРСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ НАД 100 ЛИЦА ПОРАДИ КРИТИКУВАЊЕ НА ВОЕНАТА АКЦИЈА ВО СИРИЈАМеѓу приведените има и политичари, активисти и новинари (Фото: Ројтерс)

    Турската полиција уапси десетици луѓе под обвинение дека ширеле терористичка пропаганда во врска со инвазијата во Сирија, при што државните медиуми објавија дека бројот на приведени политичари, активисти и новинари е над 100.

    Последните акции на полицијата се фокусираа на западната провинција Измир, но приведувања имало низ цела држава во врска со коментари на социјалните мрежи, што уследија откако викендов почна операцијата на турската војска „Маслинова гранка“, која има за цел да ја избрка курдската милиција од сирискиот регион Африн, во близина на турската граница.

    Меѓу приведените се и челниците на прокурдската Народна демократска партија (ХДП), втората најголема опозициска партија во парламентот, за градовите Измир и Ајдин.

    Анкара ја обвинува ХДП за соработка со Курдската работничка партија, што таа го негираше.

    „Оваа акција е насочена против оние кои сакаат мир. Полицијата насилно упадна во домовите на новинари и тие беа приведени како да поседуваат оружје. Ова само покажува колку луѓето се уплашени од молив, тастатура, пишување и зборови“, кажа портпаролот на ХДП, Ајан Билген.

    Агенцијата „Анадолу“ објави дека во 13 провинции се приведени 91 лице за ширење на „црна пропаганда“ и уште 17 во Дијарбакир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира