Турската влада денеска го одржа првиот од серијата настани неделава за одбележување на минатогодишниот неуспешен пуч од страна на фракција во армијата. Премиерот Бинали Јилдирим отиде на гробишта во Истанбул да ги посети гробовите на дел од загинатите вечерта на 15 јули.
По пучот, во Турција беше воведена вонредна состојба, која што ѝ дозволува зголемени овластувања на владата и спроведе референдум за зголемување на ингеренциите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Над 50.000 луѓе се уапсени изминатава година осомничени дека се поддржувачи на пучот. Владата за пучот го обвинува свештеникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и е поранешен сојузник на Ердоган.
Настаните за одбележување на пучот ќе кулминираат со говор на Ердоган во парламентот на 16 јули.