Турција забрани некои социјални активности, како свршувачки и ги ограничи свадбите на само еден час по последниот пораст на бројот на нови случаи на коронавирус. Меѓу 14-те области на кои што се однесува новата директива е и главниот град Анкара.
Според неа, свадбите ќе можат да траат само еден час, а столиците во салите ќе мора да бидат наредени така да се обезбеди социјална дистанца. Подиумот за танцување нема да смее да се користи и ќе бидат забранети кетеринг и сите видови храна и пијалак, со исклучок на вода во шишиња.
Локалната полиција ќе прави инспекции за да се обезбеди почитувањето на мерките.
Ова следува откако Турција вчера регистрираше над 1.500 нови случаи на коронавирус, а 24 лица починале.