ТУРЦИЈА ЈА УКИНА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ПО ДВЕ ГОДИНИ

    ТУРЦИЈА ЈА УКИНА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ПО ДВЕ ГОДИНИОткако Ердоган прогласи вонредна состојба, повеќе од 50.000 луѓе беа уапсени (Фото: Ројтерс)

    Турската влада донесе одлука да ја укине вонредната состојба во државата, што беше воведена пред две години по неуспешниот државен удар.

    Во такви услови, десетици илјади луѓе беа уапсени и отпуштени од работа. Владата сега гласаше против продолжувањето на вонредната состојба за дополнителни седум месеци и ова уследи неколку недели откако Реџеп Таип Ердоган освои нов петгодишен претседателски мандат, како и мнозинство во парламентот.

    По прогласувањето на вонредната состојба, повеќе од 107.000 луѓе беа отпуштени од јавниот сектор, а 50.000 беа затворени.

    Најголем дел од нив се окарактеризирани како поддржувачи на клерикот Фетула Ѓулен, кој живее во САД и кого Турција го посочи како организатор на државниот удар, во кој загинаа повеќе од 250 луѓе.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари