ТУРЦИЈА НАТРУПУВА ВОЈСКА НА ГРАНИЦАТА СО СИРИЈА, КУРДИТЕ ПРОГЛАСИЈА МОБИЛИЗАЦИЈА

    ТУРЦИЈА НАТРУПУВА ВОЈСКА НА ГРАНИЦАТА СО СИРИЈА, КУРДИТЕ ПРОГЛАСИЈА МОБИЛИЗАЦИЈАТурција најави дека упадот во Сирија ќе се случи наскоро (Фото: АП)

    Турција го засили своето воено присуство на границата со Сирија во пресрет на долго најавуваниот упад, чија цел ќе биде да се избркаат тамошните курдски милиции.

    Војската наскоро ќе влезе во Сирија за да ја неутрализира долготрајната закана по турскиот народ“, изјави соработник на турскиот претседател Ердоган.

    Анкара вели дека сака да создаде сигурна зона преку границата, што ќе ја исчисти од курдските борци и потоа таму ќе пресели два од 3,6 милиони бегалци од Сирија кои моментално се во Турција. Доналд Трамп деновиве ги повлече американските сили од тој регион, напуштајќи ги своите досегашни сојузници, за што беше жестоко критикуван дома и во странство. Тој и вчера го бранеше својот потег, нарекувајќи ги Курдите „посебни“.

    Конвои од камиони со тенкови и вооружен персонал биле снимени како се движат кон турскиот пограничен град Акчакале. Турција планира да креира зона која ќе се протега 480 километри долж границата и ќе навлезе 32 километри во Сирија.

    Сириските демократски сили кажаа дека нападот на Турција ќе доведе до хуманитарна катастрофа и ќе ја пролее крвта на илјадници невини цивили.

    Прогласуваме тридневна целосна мобилизација во северна и источна Сирија“, објави курдската администрација во регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира