ТУРЦИЈА ПОВТОРНО ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗАРАДИ ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ

    ТУРЦИЈА ПОВТОРНО ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗАРАДИ ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИВо претстојните викенди на улица ќе можат да излезат само младите (Фото: ИХА)

    Турција повторно ќе воведе полициски час за викендите овој месец кога во средните училишта и на факултетите ќе се полагаат приемни испити.

    „Министерството за здравство донесе ваква препорака со цел да се создадат неопходните услови за приемните испити. Претседателот Ердоган нареди воведување ограничен полициски час за да се спречат гужвите на улиците додека се полагаат приемните испити, а денот да биде резервиран само за младите“, изјави министерот Фахретин Коча.

    Турција за првпат воведе полициски час на 11/12 април за да се спречи ширењето на коронавирусот, но владата неодамна ги укина мерките на карантин.

    „Турција ги презема сите неопходни безбедносни мерки во пресрет на приемните испити. Бројот на центрите за полагање е зголемен од 13.000 на 18.000, со цел на учениците да им биде поудобно“, кажа министерот за образование Зија Селџук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира