Турција соопшти дека е постигнат договор со Украина, Русија и Обединетите нации за извоз на украинските житарици, досега под руска блокада, зголемувајќи ги изгледите за ставање крај на ќорсокакот што загрозуваше милиони луѓе ширум светот.
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар кажа дека договорот ќе биде потпишан кога сите страни ќе се сретнат повторно следната недела и ќе вклучува заеднички контроли во пристаништата и во Турција и ќе обезбеди сигурни рути за извоз на украинските житарици.
Турција ќе основа центар за координација во Украина, Русија и ОН за извозот на житарици, додаде Акар.
Во редовното дневно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека има напредок во напорите да почне извозот на храна на светскиот пазар и за тоа им се заблагодари на Турција и ОН.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека е направен клучен чекор напред кон обновување на украинскиот извоз на житарици, но предупреди декa останува уште техничка работа за да се материјализира напредокот.
Пјотр Иличев, функционер во руското МНР, кажа дека Русија сака да ги контролира бродовите за да спречи шверц на оружје.