ТУРЦИЈА ВОВЕДЕ НОВИ ГРАДЕЖНИ ПРАВИЛА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИЗМИТ ВО 1999, НО ТИЕ СЛАБО СЕ СПРОВЕДУВААТ

    ТУРЦИЈА ВОВЕДЕ НОВИ ГРАДЕЖНИ ПРАВИЛА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИЗМИТ ВО 1999, НО ТИЕ СЛАБО СЕ СПРОВЕДУВААТВо вчерашниот земјотрес се урнати речиси 6.000 згради во Турција (Фото: АП)

    Наглото зголемување на бројот на загинати по вчерашните силни земјотреси во Турција уште еднаш го покрена прашањето за тоа колку лошо спроведените градежни стандарди ја влошија катастрофата.

    По земјотресот во Измит во 1999 во кој загинаа 17.000 луѓе, Турција воведе нови градежни правила, барајќи новите градби да бидат отпорни на земјотреси, но тие неретко лабаво се спроведуваат во земјата во која што половина од зградите се дивоградби. Многумина го посочуваат лошото градење како еден од клучните фактори за уривањето на толку многу згради вчера.

    Квалитетот на градењето е фактор број еден. Тоа надвладува сè друго. Квалитетот се контролира со градежен код и со спроведувањето на тој код. Турција мина низ ужасниот земјотрес во Измир во 1999 и потоа воведе модерни градежни правила. И затоа ќе се запрашате: ‘Со оглед на тоа, зошто паѓаат зградите?‘ Дали овие згради се постари од 20 години? Или биле изградени несоодветно“, вели Рос Стајн, шефот на компанијата за моделирање катастрофи „Темблор“.

    Сеизмологот Ијан Мејн забележува дека некои згради се срамнети со земја, а други повеќекатници паднале како шпил карти.

    Тоа значи дека повеќето од тие згради не ги исполнувале условите за стабилност при земјотреси. Не биле дизајнирани да издржат посилни земјотреси. Многу станбени блокови го искусиле таканаречениот колапс на палачинка. Тоа се случува кога ѕидовите и подовите не се поврзани доволно добро и секој спрат се урива вертикално надолу. Тоа остава многу мали шанси за преживување“, вели Мејн.

    По земјотресот со стотици мртви во 2011, претседателот Ердоган го обвини лошото градење за големиот број жртви, посочувајќи прст кон општините, градежните компании и супервизорите.

    Архитектите и урбанистите во земјата долго време предупредуваат дека градежните правила поврзани со сеизмичката активност недоволно се спроведуваат и се поткопани од контроверзното легализирање дивоградби воведено од владата на Ердоган, што на Турција ѝ донесе приходи од околу три милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира