ТУРЦИТЕ ГЛАСАА „ДА“ ЗА ЗГОЛЕМЕНА МОЌ НА ЕРДОГАН, ПОКАЖАА ПРВИЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ

    ТУРЦИТЕ ГЛАСАА „ДА“ ЗА ЗГОЛЕМЕНА МОЌ НА ЕРДОГАН, ПОКАЖАА ПРВИЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТСо новиот систем, Ердоган може да остане на претседателската функција до 2029 година. - Ердоган гласаше во Истанбул (Фото: ЕПА)

    Турците изгласаа да му се зголемат овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, покажаа првичните резултати од денешниот референдум. По преброени 90 отсто од гласовите, „Да“ имаше 52,7 отсто, објавија турските државни медиуми.

    Поддржувачите на Ердоган велат дека замената на парламентарниот систем со претседателски ќе ја модернизира земјата. Победата на „Да“ ќе овозможи 18 уставни реформи коишто ќе му дадат моќ на претседателот да назначува владини министри, високи функционери и половина од членовите на Врховниот суд, а ќе може и да издава декрети. Со новиот систем, Ердоган може да остане  на претседателската функција до 2029 година.

    Околу 55 милиони имаат право на глас на 167.000 избирачки места, а излезноста беше висока.

    Претходно денеска, тројца луѓе загинаа во вооружена престрелка во југоисточната провинција Дијарбакир, наводно по расправија како треба да се гласа.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира