ТВИТЕР, РЕДИТ, САУНДКЛАУД И ДРУГИ САЈТОВИ ОНЕСПОСОБЕНИ ОД МАСИВЕН САЈБЕР НАПАД

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Њујорк,(разниизвори)

    ТВИТЕР, РЕДИТ, САУНДКЛАУД И ДРУГИ САЈТОВИ ОНЕСПОСОБЕНИ ОД МАСИВЕН САЈБЕР НАПАД

    Твитер, Редит, Спотифај и Саундлауд се дел од сајтовите погодени од масивниот сајбер напад денеска и нивните корисници се соочуваат со проблеми. Хакерскиот напад ги погоди и „Њујорк Тајмс“, „Ер-Би-Ен-Би“, „Бостон Глоуб“, а проблеми пријавија и Нетфликс и Пејпал.

    Сајтовите беа паднати или имаа потешкотии по големиот т.н. ДДОС напад на серверите на „Дин“, компанија која се грижи интернет сообраќајот да стигне кадешто е предвидено да стигне. „Дин“ соопшти деа проблемот најмногу ги погодил корисниците од источниот дел на САД и дека сервисите биле вратени во нормала околу 9.20 часот по источноамериканско време. Сепак, два часа подоцна се случи уште еден напад.

    „Нашите инженери продолжуваат со работа на решавање на овој проблем“, соопшти компанијата.

    Американската влада истражува дали сајбер нападот е криминален чин, изјави функционер за Ројтерс.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира