УАПСЕН 15-ГОДИШНИК ВО ВРСКА СО НАПАДОТ СО НОЖ ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД СОЛИНГЕН

    УАПСЕН 15-ГОДИШНИК ВО ВРСКА СО НАПАДОТ СО НОЖ ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД СОЛИНГЕНПолицијата откри и дека пронашла „повеќе ножеви“ и истражува дали еден од нив бил вклучен во нападот. (Фото: Би-Би-Си)

    Петнаесетгодишно лице е уапсено по нападот во западниот германски град Солинген, во кој три лица загинаа, соопшти германската полиција. Нападот се случи вчера за време на фестивалот во центарот на градот.

    Тинејџерот е осомничен дека претходно знаел за нападот и не пријавил во полиција. Полицијата додаде дека идентитетот на напаѓачот останува нејасен и дека истрагата е во тек.

    Полицијата исто така, потврди дека три лица загинале: двајца мажи – на возраст од 67 и 56 години и една жена на 56 години.
    Уште осум лица се повредени, четворица се борат за живот, соопшти полицијата.

    Мотивот на осомничениот не е познат, но полицијата соопшти дека не може да исклучи „терористички мотив“.

    Началникот на полицијата ги повика луѓето да не шпекулираат на социјалните мрежи и апелираше до јавноста за повеќе информации.

    Полицијата откри и дека пронашла „повеќе ножеви“ и истражува дали еден од нив бил вклучен во нападот.

    Градот славеше 650 години од основањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира