УАПСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПЕРУ ПЕДРО КАСТИЉО ЗАШТО ПОДГОТВУВАЛ ДРЖАВЕН УДАР

    УАПСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПЕРУ ПЕДРО КАСТИЉО ЗАШТО ПОДГОТВУВАЛ ДРЖАВЕН УДАРКастиљо вчера беше разрешен од функцијата откако објави дека воведува вонредна состојба (Фото: АП)

    Полицијата го уапси разрешениот претседател на Перу Педро Кастиљо и го обвини за побуна и заговор за кршење на уставниот поредок. Тој бил приведен кога бил на пат за мексиканската амбасада во Лима, неколку часа откако го распушти парламентот. Педесет и тригодишниот Кастиљо е префрлен во затвор, иако Мексико кажа дека е подготвено да му даде азил.

    Досегашната потпретседателка Дина Болуарте е назначена за нов претседател, како прва жена на оваа функција во Перу.

    Пратениците го отстранија Кастиљо од функцијата вчера откако во обраќањето на националната телевизија прогласи вонредна состојба и кажа дека ќе владее со декрет. Притоа најави дека ќе го распушти парламентот контролиран од опозицијата, по што во знак на протест неколкумина министри поднесоа оставка.

    Шефот на уставниот суд го обвини Кастиљо дека почнал државен удар, додека САД го повикаа да ја промени својата одлука. Полицијата и армијата на Перу се изјаснија дека го почитуваат уставниот поредок.

    Кастиљо беше избран за претседател во јули 2021 како политички аутсајдер и потоа се оддели од својата партија Слободно Перу и владееше како независен. Во меѓувреме преживеа два обида за отповикување во парламентот и му се закануваше трет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира