УАПСЕН СИНОТ НА ОСНОВАЧОТ НА „МАНГО“, ГО ТУРНАЛ ТАТКО МУ ВО ПРОВАЛИЈА ДОДЕКА ПЛАНИНАРЕЛЕ

    УАПСЕН СИНОТ НА ОСНОВАЧОТ НА „МАНГО“, ГО ТУРНАЛ ТАТКО МУ ВО ПРОВАЛИЈА ДОДЕКА ПЛАНИНАРЕЛЕНеколку шпански медиуми известија дека Исак и Џонатан Андик имале напнати односи (Фото: Алами)

    Шпанските власти го уапсија синот на модниот гигант „Манго“, обвинувајќи го за негово убиство. Исак Андик загина на планинарење во Каталонија во декември 2024 и според верзијата на неговиот син Џонатан, тој случајно паднал од карпа откако се лизнал на една од патеките.

    Смртта на 71-годишниот Андик во прв момент беше прогласена за несреќен случај, но недоследности во изјавите на Џонатан и други докази ги наведоа истражителите да продолжат да испитуваат. Џонатан Андик беше потпретседател на бордот на директори на „Манго“.

    Неколку шпански медиуми известија дека двајцата имале напнати односи и дека имале сериозна расправија непосредно пред инцидентот.

    Роден во 1953 во Истанбул во еврејско семејство, Исак Андик пристигнал во Каталонија на 14-годишна возраст. Три години подоцна почнал да продава облека и обувки на уличните пазари, а подоцна ја проширил својата професионална дејност со отворање продавници, поставувајќи ги темелите на она што стана огромна бизнис империја во шпанскиот и светскиот текстилен сектор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира