Три лица се обвинети во врска со смртта на ѕвездата на поп-групата „Уан дајрекшн“, Лијам Пејн, соопштија аргентинските власти. Пејачот почина на 16 октомври откако падна од балконот на третиот кат на хотел во Буенос Аирес.
Едно лице кое го придружувало Пејн е обвинето за снабдување со дрога, а обвинети се и вработен во хотел и уште едно лице за снабдување со дрога. Никој од уапсените не е именуван. Аргентинските власти ги истражуваа последните денови на Пејн во хотелот „КазаСур“.
По смртта на пејачот, полицијата пронашла дрога во неговата хотелска соба. Персоналот на хотелот двапати се јавил во службите за итни случаи, велејќи дека има гостин кој земал „премногу дрога и алкохол“ и „ја уништил целата соба“.
Канцеларијата на јавното обвинителство соопшти дека токсиколошките тестови откриле траги на алкохол, кокаин и антидепресив во неговото тело. Како причини за смртта се наведени повеќекратни повреди и внатрешно и надворешно крвавење како последица на падот од балконот.
Властите извршиле девет рации во домови во Буенос Аирес и продолжуваат да ги истражуваат скршениот лаптоп на Пејн и други запленети уреди.