Две жени денес се убиени во францускиот град Марсеј. Тие биле нападнати на железничката станица во градот, каде маж ги прободел со нож и при тоа извикувал „алаху акбар“ (алах е голем). Напаѓачот потоа бил погоден и убиен од војниците кои интервенирале.
Полицијата вели дека станува збор за терористички напад.
Во моментов во реонот на железничката станица и пошироко се спроведува голема безбедносна операција.
Два слични напади во Марсеј имаше во август годинава, а последните две години има десетици жртви во терористички напади.
Сличен напад вчеравечер се случил во канадскиот град Едмонтон.