УБИЕЦ НА ИТАЛИЈАНСКАТА МАФИЈА ФАТЕН ПО 16 ГОДИНИ БЕГСТВО, РАБОТЕЛ КАКО ПИЦА МАЈСТОР ВО ФРАНЦИЈА

    УБИЕЦ НА ИТАЛИЈАНСКАТА МАФИЈА ФАТЕН ПО 16 ГОДИНИ БЕГСТВО, РАБОТЕЛ КАКО ПИЦА МАЈСТОР ВО ФРАНЦИЈАЕдгардо Греко беше осуден на доживотен затвор во отсуство за двојно убиство од 1991 (Фото: италијанска полиција)

    Осудениот убиец на италијанската мафија Едгардо Греко, кој беше во бегство од 2006, е фатен во Франција, каде што најмалку три години работел како пица мајстор. Ова следува само неколку недели по апсењето на шефот на Коза ностра, Матео Десина Денаро, кој успешно се криеше цели 30 години.

    И Греко и Денаро беа барани за убиства од 1990-ите. Греко беше дел од криминалната организација Ндрангета, која потекнува од јужниот регион Калабрија. Таа сега важи за најмоќната мафија во Италија, која се има проширено низ Европа и Јужна Америка.

    Шеесет и тригодишниот Греко беше баран за убиството на двајца браќа за време на мафијашката војна помеѓу две групи во почетокот на 1990-ите. Стефано и Џузепе Бартоломео биле претепани до смрт во гратчето Косенца во јануари 1991 и нивните тела никогаш не се пронајдени.

    Кога во 2006 беше распишан налог за негово апсење, Греко исчезна. Подоцна се скрасил во Сент Етјен, добил работа во еден ресторан и си го сменил името во Паоло Димитрио, според криминалец од Пуља. Во меѓувреме беше осуден на доживотен затвор во отсуство.

    Уверен дека никој нема да го препознае, во јули 2021 Греко дури се појавил во прилог на локален весник, во кој зборувал за специјалитетите на својот ресторан.

    Италијанската полиција кажа дека четири години ја следела мрежата за поддршка на Греко, што на крајот довело до негово апсење.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира