УБИСТВОТО СО НОЖ НА БРИТАНСКИОТ ПРАТЕНИК ЕЈМС СЕ СМЕТА ЗА ТЕРОРИЗАМ

    УБИСТВОТО СО НОЖ НА БРИТАНСКИОТ ПРАТЕНИК ЕЈМС СЕ СМЕТА ЗА ТЕРОРИЗАМЕјмс беше избоден откако беше на средба со своите гласачи во Методистичката црква (Фото: Шатерсток)

    Лондонската полиција го води случајот со убиството на британскиот пратеник сер Дејвид Ејмс како терористички чин. Пратеникот од редовите на Конзервативната партија вчера почина откако беше избоден на средбата со гласачите во својата изборна единица во Есекс. Полицијата кажа дека 25-годишник е уапсен во врска со нападот во црквата во Леј-он-Си, 62 километри источно од Лондон.

    Според полицијата, има можна врска со исламистички екстремизам. Тие не бараат никој друг во врска со убиството, но како дел од истрагата, пребаруваат уште на две адреси во Лондон. Полицијата смета дека мажот делувал сам, но продолжуваат истрагите за околностите на инцидентот.

    Владини извори за „Би-Би-Си“ изјавиле дека напаѓачот е од британска националност, кој според првичните сознанија, изгледа има потекло од Сомалија.

    Сер Дејвид Ејмс беше угледен член на Конзервативната партија речиси четири децении и пратеник од 1983 година. Кралицата Елизабета Втора му ја додели витешката титула сер во 2015.

    „Голем човек, голем пријател, одличен пратеник беше убиен додека ја исполнуваше својата демократска улога“, изјави министерот за здравство Саџид Џавид.

    Ејмс, кој во парламентот го претставуваше Саутенд Вест, беше на средба со своите гласачи во Методистичката црква. Полицијата кажа дека тој примил лекарска помош на самото место, но набргу бил прогласен за мртов.

    Тој е вториот убиен британски пратеник во изминатите пет години. Во 2016, лабуристката Џо Кокс беше убиена исто така по средба со гласачите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира