УКРАИНА ГИ ОЧЕКУВА МОДЕРНИТЕ ТЕНКОВИ „ЛЕОПАРД“ ОТКАКО ГЕРМАНИЈА ИЗБРА НОВ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА

    УКРАИНА ГИ ОЧЕКУВА МОДЕРНИТЕ ТЕНКОВИ „ЛЕОПАРД“ ОТКАКО ГЕРМАНИЈА ИЗБРА НОВ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНАГерманија произведе илјадници тенкови „леопард“ за време на Студената војна (Фото: АП)

    Се зголемуваат надежите дека Украина ќе добие флота модерни борбени тенкови откако Германија кажа дека ова ќе биде првото прашање на агендата на нејзиниот нов министер за одбрана. На оваа функција денеска беше назначен малку познатиот Борис Писториус, ден откако Кристин Ламбрехт поднесе оставка.

    Речиси 11 месеци од почетокот на војната, Украина смета дека западните тенкови би им дале мобилна огнена моќ на нејзините сили, додека се очекува нова руска офанзива.

    Германските тенкови „леопард“, кои се составен дел од армиите низ Европа, се сметаат за единствениот задоволителен избор. Сепак, тие не можат да се испорачуваат без одобрение од Берлин, кој се наоѓа под силен притисок да ги тргне сите пречки оваа недела.

    „По назначувањето на новиот министер за одбрана, ова ќе биде прво прашање за кое ќе се одлучува“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.

    Германија досега беше претпазлива околу испораките на оружјето кое би се сметало за ескалација. Велика Британија прва го скрши мразот кога викендов вети дека ќе испрати тенкови „челенџер“ во Украина, но нивниот број нема да биде доволен, а американските тенкови „абрамс“ се сметаат за несоодветни зашто работат на турбини кои трошат многу гориво.

    Германија произведе илјадници тенкови „леопард“ за време на Студената војна. Полска и Финска веќе кажаа дека ќе ги испратат во Украина ако Германија даде зелено светло. Големата одлука би можела да се донесе в петок, кога западните сојузници ќе се сретнат во воздушната база Рамштајн во Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира