УКРАИНА ГО НАПАДНА РУСКИОТ БРЕГ НА ЦРНОТО МОРЕ СО 500 ДРОНОВИ, ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ

    УКРАИНА ГО НАПАДНА РУСКИОТ БРЕГ НА ЦРНОТО МОРЕ СО 500 ДРОНОВИ, ДВАЈЦА ЗАГИНАТИИзвештаите од Телеграм велат дека биле погодени пристаништата и терминалот за товарење нафта во Новоросијск (Фото: Телеграм)

    Украина изврши масовен напад со беспилотни летала врз рускиот брег на Црното Море, при што загинаа најмалку две лица и беше погоден пристанишниот град Новоросијск, изјави гувернерот на регионот Краснодар, Венијамин Кондратиев. Тој додаде се оштетени 21 станбена зграда и четири деловни објекти во Новоросијск.

    Едно осумгодишно дете е убиено во градот, а осум лица се повредени. Во крајбрежниот град Темрјук загина еден маж“, кажа Кондратиев.

    Извештаите од руските и украинските канали на Телеграм велат дека биле погодени поморското пристаниште, трговското пристаниште и терминалот за товарење нафта во Новоросијск. Системот за детекција на пожар на НАСА покажа пожари на тие локации.

    Руското министерство за одбрана соопшти дека 502 украински дронови биле пресретнати во текот на ноќта. Тешки напади имало и во пристанишниот град Севастопол на Крим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира