Украина го погоди мостот што ги поврзува Русија и Крим, што доведе до ограничуваање на сообраќајот, изјави Сергеј Аксјонов, гувернерот на полуостровот поставен од Русија. Најдолгиот мост во Европа се смета за еден од клучните инфраструктурни проекти на рускиот претседател Владимир Путин.
Аксјонов не наведе детали за штетата, но рече дека сообраќајот на мостот ќе биде ограничен до пладне денеска.
„Сите неопходни служби за итни случаи работат на справувањето со последиците, а во градот Керч е формиран оперативен штаб“, изјави Аксјонов.
Од почетокот на војната во 2022, мостот неколкупати беше цел на украински напади, вклучително и напад со камион-бомба во октомври истата година, при што загинаа четири лица, а капацитетот на мостот беше ограничен во следните неколку месеци.



