УКРАИНА И МОЛДАВИЈА БИ МОЖЕЛЕ ВО ЈУНИ ДА ГИ ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

    УКРАИНА И МОЛДАВИЈА БИ МОЖЕЛЕ ВО ЈУНИ ДА ГИ ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУДвете држави аплицираа за членство во ЕУ истовремено, што значи дека кандидатурата на Молдавија може да напредува само ако и Украина го стори тоа (Фото: Телеграм)

    Унгарија сигнализираше дека ќе се откаже од долгогодишното противење на кандидатурата на Украина за членство во ЕУ, што ќе ѝ овозможи на неа и на Молдавија да започнат формални преговори за приклучување кон блокот во наредните денови, изјавија четворица дипломати за „Политико“. Отворањето на првиот преговарачки кластер треба да се случи за време на меѓувладината конференција во Луксембург на 15 јуни, изјавија тројца од дипломатите.

    Двете држави аплицираа за членство во ЕУ истовремено, што значи дека кандидатурата на Молдавија може да напредува само ако и Украина го стори тоа.

    Унгарија жестоко се спротивстави на пристапувањето на Украина во време на премиерот Виктор Орбан, но новото раководство на земјата најави отвореност за укинување на ветото по состанокот на украинските и унгарските експерти, кои разговараа за правата на унгарското малцинство во Украина, рекоа дипломатите. Унгарски функционер рече дека сè уште не е донесена никаква одлука за Украина.

    Преговорите се во тек. Не е постигнат договор“, рече функционерот.

    За време на состанокот вчера, украинската страна дала гаранции за тоа како да се решат повеќето грижи наведени во планот од 11 точки изготвен во времето на Орбан, рече еден од дипломатите.

    Сите барања на Унгарија не можат веднаш да бидат одобрени, но одобрението на Будимпешта не е условено од донесување ново законодавство во Украина“, рекол дипломатот.

    Отворањето кластери бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки на ЕУ. Секоја земја може да го блокира процесот во која било фаза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира