УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ 18 БОРБЕНИ АВИОНИ „Ф-16“ ОД ХОЛАНДИЈА

    УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ 18 БОРБЕНИ АВИОНИ „Ф-16“ ОД ХОЛАНДИЈАУкраинските пилоти веќе се обучуваат за авионите „Ф-16“ во Романија (Фото: Министерство за одбрана на Холандија)

    Холандија ќе ѝ даде 18 американски борбени авиони „Ф-16“ на Украина за да ѝ помогне во војната против Русија, објави владата.

    Денеска го информирав претседателот Зеленски за одлуката на нашата влада да ѝ испорачаме 18 борбени авиони ‘Ф-16‘ на Украина. Испораката на овие авиони е еден од најзначајните елементи од договорите за воена поддршка на Украина“, изјави холандскиот премиер Марк Руте.

    Холандија минатиот месец испрати авиони „Ф-16“ во нов тренинг-центар во Романија, каде што се обучуваат украински пилоти.

    Данска, Норвешка и Белгија исто така најавија дека ќе ѝ дадат авиони на Украина, откако американската влада даде зелено светло за тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира