УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ ПРОТИВВОЗДУШНИ ПРОЕКТИЛИ „СТИНГЕР“ И ДРОНОВИ ЗА УНИШТУВАЊЕ ТЕНКОВИ ОД САД

    УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ ПРОТИВВОЗДУШНИ ПРОЕКТИЛИ „СТИНГЕР“ И ДРОНОВИ ЗА УНИШТУВАЊЕ ТЕНКОВИ ОД САДСАД веќе почнаа да ја испраќаат воената помош за Киев (Фото: Гети)

    САД ќе ѝ испратат на Украина оружје во вредност од една милијарда долари, за што Белата куќа кажа дека е најголемата воена помош досега. Пакетот се состои од новоодобрената безбедносна помош од 800 милиони долари и од 200 милиони долари ветени минатата недела.

    Новата помош вклучува 800 противвоздушни проектили „стингер“ и 2.000 противтенковски проектили „џавелин“, што украинската влада ги бараше.

    За првпат, САД во Украина ќе испратат и 100 најсовремени тактички дронови, кои можат да носат проектили за гаѓање тенкови и артилериски позиции. Во пакетот има и разни видови огнено оружје и минофрлачи, како и 20 милиони парчиња муниција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира