УКРАИНА ЌЕ МОЖЕ ДА ГО ВРАТИ КРИМ САМО ПО ДИПЛОМАТСКИ ПАТ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    УКРАИНА ЌЕ МОЖЕ ДА ГО ВРАТИ КРИМ САМО ПО ДИПЛОМАТСКИ ПАТ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИЗеленски ја отфрли можноста за отстапување територии кои веќе се окупирани од руските сили (Фото: АФП)

    Володимир Зеленски призна дека полуостровот Крим, што Русија го зазеде во 2014, може да го поврати украинскиот суверенитет само преку дипломатија. Во интервју за „Фокс њуз“, снимен во воз во Украина, тој кажа дека неговата земја не може да си дозволи толку многу човечки жртви што би биле потребни за да се ослободи Крим по воен пат.

    Нам ни е јасно дека Украина нема сила да ја истера Русија на границите од 1991 година. Не можеме да потрошиме десетици илјади наши луѓе за да го вратиме Крим со оружје во рацете. Тоа ќе може да се постигне само на дипломатски начин“, кажа украинскиот претседател.

    Зеленски уште еднаш ја отфрли можноста за отстапување територии кои веќе се окупирани од руските сили како дел од некаков мировен договор.

    Украина не може законски да признае ниедна окупирана територија како руска“, рече тој.

    Смета дека крајот на војната во голема мера зависи од Владимир Путин, но уште повеќе од Доналд Трамп, зашто „Путин е послаб“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира