УКРАИНА ЌЕ МОЖЕ ДА НАПАЃА ЦЕЛИ ВО РУСИЈА СО НАШИТЕ АВИОНИ „Ф-16“, КАЖА ХОЛАНДИЈА

    УКРАИНА ЌЕ МОЖЕ ДА НАПАЃА ЦЕЛИ ВО РУСИЈА СО НАШИТЕ АВИОНИ „Ф-16“, КАЖА ХОЛАНДИЈАХоландија најави дека ќе ѝ даде 24 авиони „Ф-16“ на Украина (Фото: Гети)

    Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен ѝ порача на Украина дека ќе може да напаѓа цели во Русија со борбените авиони „Ф-16“ што ќе ги добие од нејзината земја. Олонгрен кажа дека Холандија нема да воведе ограничувања како Белгија, чиј премиер Александер де Кро ја предупреди Украина дека нема да смее да ги користи авионите во рускиот воздушен простор.

    Ние нема да поставиме ограничувања во стилот на Белгија. За авионите ќе важат истите принципи како за другите оружја што ѝ ги даваме на Украина: нивно е како ќе ги користат. Ние само бараме од Украинците да дејствуваат во согласност со меѓународните закони и правото на самоодбрана, што значи дека можат да ги користат авионите против руски воени цели“, изјави Олонгрен.

    Холандија најави дека ќе ѝ даде 24 авиони „Ф-16“ на Украина и обуката на пилотите се одвива веќе некое време. Засега е непознато кога Украина ќе ги добие првите авиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира