УКРАИНА ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЕ ПРЕЦИЗНИ ВОЗДУШНИ БОМБИ ОД САД ВО НОВА ВОЕНА ПОМОШ ОД 8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    УКРАИНА ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЕ ПРЕЦИЗНИ ВОЗДУШНИ БОМБИ ОД САД ВО НОВА ВОЕНА ПОМОШ ОД 8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИБајден нема да даде одобрение за гаѓање на руската територија со проектили со долг дострел (Фото: АФП)

    Џо Бајден објави нова воена помош за Украина од осум милијарди долари, што, како што кажа, треба да ѝ помогне да ја добие војната против Русија.

    Во оваа испорака првпат ќе бидат вклучени прецизно наведувани пловни бомби, чиј дострел е 130 километри. Ова оружје со среден дострел е значајно надградување на арсеналот што Украинците го користат против руските сили зашто ќе можат да ги истрелуваат од побезбедни дистанци.

    Бомбата, која има способност да погодува мети со голема прецизност, се испушта од борбен авион.

    Сепак, Бајден нема да даде одобрение за гаѓање на руската територија со проектили со долг дострел, што Украина го бара долго време. Место тоа, Украина ќе добие помош и во противвоздушна одбрана, беспилотни системи и муниција воздух-земја.

    Бајден исто така кажа дека му наредил на Пентагон да ја прошири обуката на украинските пилоти за авионите „Ф-16“, покрај сегашните 18.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира