УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА КУПУВА ВРЕМЕ ВО БАХМУТ ДОДЕКА ПОДГОТВУВА ПРОТИВОФАНЗИВА

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА КУПУВА ВРЕМЕ ВО БАХМУТ ДОДЕКА ПОДГОТВУВА ПРОТИВОФАНЗИВАУкраина очекува испорака на модерно опрема и муниција (Фото: Гети)

    Украина и Русија тврдат дека во изминатите 24 часа убиле над 200 непријателски војници во битката за Бахмут, во кој малата река Бахмутка која го преполовува градот сега ја означува новата линија на фронтот. Британското воено разузнавање соопшти дека руската платеничка група „Вагнер“ го контролира речиси целиот источен дел од градот, додека нејзиниот шеф Евгени Пригожин тврди дека се наоѓаат на нешто повеќе од еден километар до центарот, сместен на западната страна на Бахмутка.

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба кажа дека Украина ќе продолжи да го брани Бахмут, што според воените заповедници е купување време пред планираната противофанзива.

    Неопходно е да се добие на време, со цел да се соберат резерви и да се тргне во противофанзива, која не е далеку. Бранителите на Бахмут се херои кои сега го држат целиот источен фронт на своите раменици“, кажа заповедникот на украинските копнени сили, генерал-полковникот Олександр Сирски.

    Украина очекува испорака на модерно опрема и муниција, како и доаѓање на војници обучувани на западот, кои би требало да ѝ бидат на располагање во почетокот на следниот месец. Според „Економист“, речиси една третина од украинската војска ќе има опрема според НАТО стандардите кога ќе стигнат овие испораки, но најголемиот дел и натаму ќе биде од советското време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира