УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА РУСИЈА НЕМА ДА НАПАДНЕ ВО СКОРО ВРЕМЕ, НО ЗАКАНАТА Е РЕАЛНА

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА РУСИЈА НЕМА ДА НАПАДНЕ ВО СКОРО ВРЕМЕ, НО ЗАКАНАТА Е РЕАЛНАРусија постојано негира дека планира да ја нападне Украина (Фото: Гети)

    Украинските лидери се обидуваат да го смират народот, тврдејќи дека инвазија од соседната Русија не е на повидок, иако признаваат дека заканата е реална. Киев денеска треба да прими уште една пратка американска воена помош, наменета за засилување на одбранбените способности.

    Русија постојано негира дека планира да ја нападне Украина, иако во изминатиот период распореди 100.000 војници покрај границата, поради што САД и сојузниците од НАТО веруваат дека се подготвува за војна.

    НАТО одговори со засилување на својата воена моќ во балтичкиот регион и источна Европа, додека САД ставија 8.500 војници во состојба на висока подготвеност за евентуално распоредување во Европа и им препорачаа на своите граѓани да ја напуштат Украина. Киев истовремено ги смирува страстите.

    „Во овој момент нема основа да веруваме дека Русија се подготвува да нападне во брзо време. Нејзините трупи не се ставени во борбена формација. Не грижете се, спијте мирно“, кажа украинскиот министер за одбрана Олекси Резников во парламентот.

    И претседателот Зеленски вчера изјави дека ситуацијата е под контрола.

    „Постојат ризични сценарија, кои се можни и веројатни во иднина“, додаде Резников.

    Русија вели дека западните обвинувања за инвазија се само прикривање на планираните провокации од НАТО. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска повторно ги обвини САД за поттикнување тензии околу Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира