УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА РУСИЈА ПЛАНИРА ГОЛЕМА КОПНЕНА ОФАНЗИВА ВО НОВАТА ГОДИНА, МЕТА БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ И КИЕВ

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА РУСИЈА ПЛАНИРА ГОЛЕМА КОПНЕНА ОФАНЗИВА ВО НОВАТА ГОДИНА, МЕТА БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ И КИЕВВоените аналитичари сметаат дека зимата ќе донесе застој на фронтот (Фото: ЕПА)

    Украина смета дека Русија ќе почне нова широка копнена офанзива во почетокот на следната година, и покрај неодамнешните воени порази. Претседателот Зеленски и шефовите на украинската војска предупредија дека не треба да има залажување со последните успеси.

    Се проценува дека офанзивата би можела да ги опфати источниот регион Донбас, југот на земјата, па дури можеби и Киев.

    Западните аналитичари сметаат дека руската способност за изведување успешни копнени офанзивни операции забрзано се намалува. Британскиот адмирал Тони Радакин оваа недела кажа дека војната ќе оди само на полошо за Русија, која се соочува со критичен недостиг на артилериска муниција.

    „Имаме докази дека Русија планира нова широка офанзива. Таа би можела да се случи во февруари, кога половина од мобилизираните 300.000 резервисти ќе ја завршат обуката. Кремљ се обидува да најде нови решенија за тоа како да дојде до победата“, изјави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.

    Слична проценка даде и началникот на генералштабот на украинската војска, генералот Валери Залужни.

    „Русите подготвуваат околу 200.000 свежи војници. Не се сомневам дека уште еднаш ќе се обидат да тргнат на Киев. Украина има многу важна стратешка задача да создаде резерви и да се подготви за војната, која би можела да се случи во февруари, најдоцна во март, а во најлош случај во јануари. Таа можеби нема да почне во Донбас, туку од Белорусија во правецот на Киев, а не ја исклучувам и можноста од напад кон југот“, кажа Залужни.

    Воените аналитичари сметаат дека зимата ќе донесе застој на фронтот, иако на истокот и натаму се водат жестоки борби, додека Русите се обидуваат да го освојат Бахмут во регионот Доњецк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира