УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА ВО ЕКСПЛОЗИИТЕ НА КРИМ БИЛЕ УНИШТЕНИ ДЕВЕТ РУСКИ БОРБЕНИ АВИОНИ

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА ВО ЕКСПЛОЗИИТЕ НА КРИМ БИЛЕ УНИШТЕНИ ДЕВЕТ РУСКИ БОРБЕНИ АВИОНИУкраина не ја презеде директно одговорноста за експлозиите (Фото: АП)

    Украинските воздушни сили кажаа дека девет руски борбени авиони биле уништени во вчерашните експлозии на анектираниот полуостров Крим. Русија негира дека има оштетени авиони и тврди дека немало никаков напад на воздушната база Саки, туку дека експлозиите се резултат на детонација на муниција.

    Украина не ја презеде одговорноста за експлозиите, сугерирајќи дека тие можеби се дело на локални партизански саботери. Очевидци изјавија дека се слушнале најмалку 12 експлозии со различен интензитет во рок од една минута.

    Русија го анектираше Крим во 2014 и сега го смета за своја територија, па секој украински напад би го сметала за многу сериозен. Вчерашните експлозии се најголемиот инцидент на Крим од почетокот на руската инвазија и се случија 200 километри од линијата на фронтот.

    И претседателот Зеленски не кажа кој стои зад инцидентот на Крим, но порача дека војната во Украина ќе заврши со ослободување на полуостровот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира