Украинските сили заробиле ранет севернокорејски војник кој бил испратен да ја поддржува руската војна, потврди јужнокорејската шпионска агенција. Војникот подоцна починал. Се смета дека војникот е првиот севернокорејски воен затвореник заробен од декември, кога Пјонгјанг распореди сили за поддршка на руската војна во Украина. Потврдата доаѓа по фотографијата на која се тврди дека го прикажува ранетиот војник објавена на Телеграм.
Според Киев и Сеул, Северна Кореја испратила повеќе од 10.000 војници да ѝ помогнат на Русија – иако Москва и Пјонгјанг ниту го потврдиле ниту го негирале нивното присуство.
„Ова е прво во низата фаќања и убиства“, изјави за Јанг Ук, научен соработник во Институтот за политички студии Асан. „За Украинците е покорисно да ги заробат овие севернокорејски трупи и да се обидат да ги разменат со Руси за украински воени заробеници“. Неодамнешните фотографии кои се појавија од руско-украинската војна ги потврдија шпекулациите дека „севернокорејските трупи ќе бидат распоредени во голем број за напад од руската команда“, рече Јанг. Тој, сепак, додаде дека „ќе биде предизвик да се докаже нивната севернокорејска националност“.
Украинските сили велат дека на севернокорејските војници им биле издадени лажни руски лични карти, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела објави снимка за која рече дека руските војници ги палат лицата на убиените Севернокорејци за да го сокријат нивниот идентитет. Украинските и јужнокорејските разузнавачки служби рекоа дека многу од војниците распоредени во Русија се едни од најдобрите во Пјонгјанг, извлечени од 11-тиот Корпус, познат и како Корпус за бура. Единицата е обучена за инфилтрација, инфраструктурна саботажа и атентати.
Над 3.000 севернокорејски војници загинале или биле ранети додека се бореле во рускиот регион Курск, изјави Зеленски во понеделникот. Тој додаде дека соработката меѓу Москва и Пјонгјанг го зголемува „ризикот од дестабилизација“ околу Корејскиот Полуостров.