УКРАИНСКА АКТИВИСТКА ПОЧИНА ТРИ МЕСЕЦИ ОТКАКО ЈА НАПАДНАА СО КИСЕЛИНА

    УКРАИНСКА АКТИВИСТКА ПОЧИНА ТРИ МЕСЕЦИ ОТКАКО ЈА НАПАДНАА СО КИСЕЛИНАКатерина Ханѕјук се бореше против корупцијата во редовите на полицијата во нејзиниот роден град Херсон

    Украинската активистка Катерина Ханѕјук, која водеше антикорупциски кампањи, им подлегна на повредите три месеци откако беше нападната со киселина. Триесет и тригодишната Ханѕјук почина во болница во Киев и претседателот на Украина Петро Порошенко ја повика полицијата да спроведе целосна истрага.

    Ханѕјук отворено зборуваше за корупцијата во редовите на полицијата во нејзиниот роден град Херсон. Таа беше полеана со сулфурна киселина пред својот дом на 31 јули, претрпувајќи повреди опасни по живот.

    „Зошто охрабруваме луѓе да бидат активни во цивилното општество ако не ги заштитуваме?“, запраша Ханѕјук во видеопорака, што ја објави неколку недели пред да биде нападната.

    Украинската полиција уапси пет лица во врска со нападот.

    „Нападите против цивилното општество се неприфатливи. На извршителите на ова ужасно злосторство мора да им се суди“, изјави европскиот комесар Јоханес Хан.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари