УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА Е ПРОБИЕНА ПРВАТА ЛИНИЈА НА РУСКАТА ОДБРАНА НА ЈУГОТ

    УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА Е ПРОБИЕНА ПРВАТА ЛИНИЈА НА РУСКАТА ОДБРАНА НА ЈУГОТУкраинските сили кренаа сино-жолто знаме во стратешки важното село Роботине пред една недела

    Украинските генерали тврдат дека е пробиена страшната прва линија на руската одбрана на југот, што навестува дека противофанзивата лансирана во јуни зема замав. Ова следува откако напредувањето досега беше мало.

    „Да, вистина е. Малку по малку, мислам дека земаме замав“, изјави советникот на украинското министерство за одбрана Јуриј Сак.

    „Сега сме меѓу првата и втората одбранбена линија“, кажа генералот Олександр Тарнавски, еден од заповедниците на украинската војска на југот.

    Фокусот на украинската противофанзива во изминатите недели беше проширување на ослободеното подрачје околу селото Роботине, 56 километри од градот Запорожје. Украинските сили кренаа сино-жолто знаме во стратешки важното село пред една недела и сега се обидуваат да го зголемат јазот за да можат поголемите пешадиски и оклопни единици да поминуваат без да бидат изложени на руски оган. Ако успеат во тоа, би се доближиле до втората и третата дефанзивна линија, кои можеби не се така силни како првата.

    Борбите сега се водат источно од Роботине, на работ на поголемото село Вербове, до каде што, како што покажуваат сателитските снимки, достигнуваат преклопените сложени руски дефанивни линии, исполнети со мински полиња, стапици за тенкови и ровови.

    Многумина аналитичари сметаат дека главната цел на противофанзивата е да се стигне до брегот на Азовското Море, за да се пресече рускиот копнен коридор до Крим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира