УКРАИНСКИ ПРАТЕНИК КОЈ ПИШУВАШЕ БЛОГ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО УКРАИНА ПРОНАЈДЕН ЗАСТРЕЛАН ВО СВОЈОТ ДОМ

    УКРАИНСКИ ПРАТЕНИК КОЈ ПИШУВАШЕ БЛОГ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО УКРАИНА ПРОНАЈДЕН ЗАСТРЕЛАН ВО СВОЈОТ ДОМЗасега е нејасно во какви околности починал Тимчук (Фото: РФЕ)

    Угледниот украински пратеник и воен аналитичар Дмитро Тимчук е пронајден мртов во својот дом во Киев. Министерот за внатрешни работи изјави дека Тимчук бил застрелан, но нејасно е дали станува збор за убиство, самоубиство или случаен инцидент.

    Колега на Тимчук од неговата партија Народен фронт откри дека тој бил пронајден со прострелна рана во главата и дека најверојатно се застрелал додека го чистел пиштолот.

    Тимчук беше најпознат по својот блог во кој пишуваше за конфликтот во источна Украина. Само ден пред смртта, тој на Фејсбук пишуваше за последните борби, при што источните сепаратисти ги нарече „руски окупациски сили“.

    „Се разгледуваат три опции: убиство, самоубиство или нестручно ракување со огнено оружје“, изјави министерот Артем Шевченко.

    Тимчук е поранешен офицер на воената морнарица, кој во 2014 почна да пишува за руската анексија на Крим и за конфликтот во Украина. Истата година беше избран за пратеник во парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира