УКРАИНСКИОТ АВИОН СЕ УРНАЛ ВО ИРАН ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА МОТОР, МЕЃУ 176-ТЕ ЗАГИНАТИ НАЈБРОЈНИ СЕ ИРАНЦИ И КАНАЃАНИ

    УКРАИНСКИОТ АВИОН СЕ УРНАЛ ВО ИРАН ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА МОТОР, МЕЃУ 176-ТЕ ЗАГИНАТИ НАЈБРОЈНИ СЕ ИРАНЦИ И КАНАЃАНИАвионот се урнал набргу по полетувањето од аеродромот во Техеран (Фото: АП)

    Украинската амбасада во Иран објави дека причината за падот на украинскиот патнички авион крај Техеран е дефект на мотор, а не тероризам.

    Во авионот „боинг 737-800“ на украинскиот национален авиопревозник имало 168 патници и девет членови на екипажот и иранскиот Црвен крст објави дека нема преживеани.

    „Според првичните информации, авионот се урнал како резултат на технички проблем во еден од моторите. Засега ја отфрлуваме верзијата за терористички напад“, изјавија од амбасадата во Техеран.

    Несреќата се случи само неколку часови откако Иран лансираше ракетен напад врз две американски воени бази во Ирак, како одмазда за убиството на моќниот ирански генерал Касем Солејмани минатиот петок.

    Министерот за надворешни работи на Украина Вадим Пристајко кажа дека меѓу жртвите има 82 ирански и 63 канадски државјани, но и Швеѓани, Афганистанци, Британци и Германци. Сите членови на екипажот биле Украинци.

    Авионот се урнал набргу по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира