УКРАИНСКИОТ ПРЕМИЕР ДАДЕ ОСТАВКА ОТКАКО ГО ИСМЕВАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗЕЛЕНСКИ ДЕКА НЕ ЗНАЕ НИШТО ЗА ЕКОНОМИЈА

    УКРАИНСКИОТ ПРЕМИЕР ДАДЕ ОСТАВКА ОТКАКО ГО ИСМЕВАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗЕЛЕНСКИ ДЕКА НЕ ЗНАЕ НИШТО ЗА ЕКОНОМИЈАОлексиј Гончарук вели дека е наместен од „неидентификувани влијателни групи“ (Фото: АП)

    Украинскиот премиер Олексиј Гончарук поднесе оставка неколку дена откако се појави снимка на која кажува дека претседателот Зеленски не знае ништо за економија.

    „Ја прифатив оваа функција за да ја спроведувам програмата на претседателот. Тој за мене е пример за транспарентност и чесност. Сепак, за да се тргнат сите сомнежи околу моите почит и верба во него, денеска поднесов оставка“, напиша Гончарук на Фејсбук.

    Спорната снимка се појави во почетокот на неделата и на неа, Гончарук дава потценувачки коментари за Зеленски во врска со неговото познавање на економијата.

    Гончарук кажа дека снимката претставува компилација од делови снимени на владини состаноци и обвини „неидентификувани влијателни групи“ дека го прикажале како да не го почитува Зеленски.

    „Тоа не е вистина“, вели Гончарук.

    Триесет и петгодишниот Гончарук стана премиер минатиот август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира